Православните верници денеска го слават откривањето и преносот на моштите на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан.

Бројни верници ја посетуваат единствена црква посветена на овој светител во земјава, која претставува и главна манастирска црква на истоимениот манастир. Тие дојдоа да запалат свеќа и да му се помолат за здравје и среќа на Свети Стефан.

Малечката црква соѕидана во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис. Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото.

извор: МПЦ/ОхридПрес фото: fb/manastir sv.stefan