x

Охрид по вторпат го организира меѓународен спортски настан „Охрид Ултра-Треил®“

ohrid-trail

Од 18 до 20 септември, Охрид ќе биде домаќин на уште една интересна спортска манифестација. Трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил® ќе го има своето второ издание во Националниот Парк Галичица.

„Ова е второ издание на Охрид Ултра-Треил® кое го сочинуваат 3 планински трки со различни должини од 18 км, 66 км, а новина е трката од 107 км што ја сместува во „посебната“ група на спортски настани со ултра-дистанци привлекувајќи професионални планински тркачи од цела Европа воедно поттикнувајќи ги домашните натпреварувачи да постигнат значаен меѓународен успех“, појаснува директорот на настанот, Дејан Крле.

Секој оној кој се чувствува физички подготвен и посакува да го искуси планинското трчање, може да се пријави за настанот. Пријавувањето е отворено до 7 септември на www.ohridtrail.mk

Охрид Ултра-Треил® е меѓународна планинска трка која е организирана од здруженијата „ТРЕКС“ од Скопје и „Спорт за сите –  сите за спорт“ од Охрид, по безбедносни критериуми според ITRA (International Trail Running Association www.itra.run) каде сите финишери се стекнуваат со квалификациски поени за најпозната светска трка во планинско трчање Ultra Trail du Mont Blanc® на Алпите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата