x

Охрид го победи Пелистер и го превзема врвот во Суперлигата

Фото: ohridnews.com

Ракометарите на Охрид барем до среда (кога се игра средбата меѓу Металург и Пролет) ќе бидат лидери во Суперлигата откако со 28:20 (13:11) славеа над Пелистер во 12. коло од најсилната машка домашна лига.

Домашните имаа одлично отворање 3-0, а предноста ја зголемија и на највисоки +5 (9:4), но Пелистер се врати во игра со серија од 4-0 за еден негатива (9:8) што и донесе 13:11 на полувремето.

Во продолжението Охрид се врати на највисоките пет разлика 18:13, потоа имаше и +7 (22:15) за со највисока предност да го затвори дуелот. Бобан Блажески со осум голови беше прв стрелец за охриѓани, додека Стефан Талески постигна шест голови во дресот на „зелените“.

СУПЕРЛИГА, 12. КОЛО

Охрид – Пелистер         28:20 (13:11)

Струга – Радовиш           23:29 (9:14)

Металург 2 – Работнички          36:34 (16:16)

Бутел – Вардар Ј.            28:20 (13:12)

Металург – Пролет       27.11.2019

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата