Пцовисана мачка ставена на споменикот на поетот во Охрид, поточно на рацете на Прличев.

Григор Прличев е најславен охридски поет, кој во време на својот живот за поемата „Сердарот“ бил овенчан со „Лаворов венец“ во Атина. Тој е и автор на „Охридскиот џган“ во кој ја опева простотијата и малограѓанштината на тогашен Охрид, која како што гледаме од приложеното и ден-денешен е актуелна и го следи „Прличета“, пишува порталот Охрид 1.