x

Официјално промовиран: Давид Тошевски не ја менува „деветката“

img-0219dc8dab3e59e0b2af89b4724904ee-v-e1596811323988

По десетина дена минат во новиот клуб, Давид Тошевски денеска и официјално е промовиран во дресот на рускиот премиер-лигаш, Ростов.

Нашиот талент летово го направи најголемиот трансфер во историјата на мак-фудбалот од домашниот шампионат. Со 18 години замина од матичниот Работнички во една од најсилните лиги.

Тошевски ја доби деветката во својот клуб, бројка која ја носеше и претходно.

Ростов во првото коло од новата сезона ќе игра против Тамбов, македонскиот фудбалер ќе биде во составот, она што останува непознато е дали ќе дебитира уште на стартот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата