Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека ќе се прекине воспитно образовниот процес настава во градинките,  основните и средни училишта на територијата на цела Македонија во  наредните 14 денови.

Еве уште кои мерки ќе ги усвои владата на денешната седница:

„Да се ослобдат вработените од работните обврски во овие институции

– За еден родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство

– Се прекинува наставна дејност во високобразовните установи, како и во јавните научни институти

– Се забрануваат масовни собори на отворен и затворен простор со над 1000 учесници, а се препорачува да сер откажат настаните под таа бројка

– Се забрануваат спортски натпревари со публика во наредните 30 дена

– Задолжителна изолација на лица кои доаѓаат од ризичните држави

– На возрасните и високи ризични категории да намалат движење и користење јавен превоз,

– Патување во ризичните земји

– ДИК за ангажираните во изборните процес да ги ослободи во следниот период и да ги замени со други лица.

– Се забранува организиран превоз кон ризичните земји.

Филипче истакна дека за прекршување на препораките ќе следуваат казни според Кривичниот законик.