x

Официјално: МЗТ и следната сезона ќе игра во АБА 2 Лигата, Приморска опстана

mzt-8-2-e1598791618326

Македонскиот шампион МЗТ Скопје, ќе остане во АБА 2 лигата. Се чекаше судбината на Приморска, а денеска челниците на АБА го комплетираа изгледот на АБА лигата.

Најавија старт за 2. октомври, а веќе се формирани паровите, на кои ја има Приморска.

Двојките за првото коло се:

Партизан – Борац
Будуќност – Сплит
ФМП – Приморска
Цедевита Олимпија – Крка
Игокеа – Мега
Задар- Морнар
Цибона – Црвена Звезда

Македонија ќе има два претставници во АБА 2 лига. Покрај МЗТ, таму ќе игра и Работнички.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата