x

Официјално: Мертенс продолжи со Наполи!

Дрис Мертенс стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина, потпишувајќи нов договор со Наполи до 2022 година.

Во договорот има клаузула дека истиот може да се продолжи и до 2023 година.

Новиот договор го потврди и претседателот Аурелио Де Лаурентис.

И покрај понудите од Интер и Челзи, сепак, Белгиецот се реши на останување.

Пред неколку дена, Мертенс стана најдобар стрелец на тимот на сите времиња, постигнувајќи 122 голови во 310 меча за Наполи, и притоа забележа 73 настапи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата