x

ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Сити ја обжали одлуката на УЕФА

Манчестер Сити и официјално достави жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана за одлуката на УЕФА за двегодишна суспензија во Лигата на шампионите и парична казна од 30 милиони евра.

Со ова започнува борбата меѓу УЕФА и англискиот премиерлигаш.

Она што следува е сослушување на двете страни и одлука на Арбитражниот суд, кој во минатото скоро секогаш ги потврдувал одлуките на УЕФА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата