x

ОФИЦИЈАЛНО: Елиф Елмас потпиша нов договор со Наполи до 2025 година!

elmas-4

Она што италијанските медиуми го најавуваа по завршувањето на тековната сезона, доби реализација. Макеоднскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас и официјално го продолжил договорот со наполитанците.

Во кусата вест која клубот ја објави пред малку, се вели дека Елиф Елмас заедно со Џовани Ди Лоренцо и Марио Руи ги продолжиле договорите со Наполи до 2025 година.

Со ова само се потврдува важноста на Елмас за Наполи и иднината која нашиот репрезентативец ја има во италијанскиот гигант.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата