x

ОФИЦИЈАЛНО: Евертон го назначи Анчелоти за нов менаџер

Евертон и официјално го назначи Карло Анчелоти за свој менаџер со договор на четири и пол години.

Италијанецот, кој беше разрешен од Наполи на почетокот од овој месец, го наследи Марко Силва, кој беше разрешен, пак, од „Гудисон Парк“ на 6 декември.

Анчелоти, трикратен освојувач на Лигата на шампионите, се враќа во англискиот фудбал осум и пол години подоцна, откако беше разрешен од функцијата, менаџер на Челзи.

„Постои јасна визија од сопственикот за постигнување успех“, изјави Анчелоти.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата