x

ОФИЦИЈАЛНО: Борусија (Д) го претстави Мение

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд денеска и официјално го потврди трансферот на белгискиот интернационалец Томас Мение. 28-годишниот играч на францускиот шампион ПСЖ потпиша договор со Борусија (д) од 30 јуни 2024 година.

„Томас Мение е играч кој го докажа својот квалитет на највисоко ниво во Лигата на шампионите и репрезентацијата во текот на долг временски период и кој навистина ќе ни користи со своето искуство“, рече спортскиот директор Михаел Цорк.

Мение ја започна својата професионална кариера во Бриж, каде стана белгиски шампион и освојувач на купот. Во 2016 година се пресели во ПСЖ во Франција. Со францускиот клуб го освои купот двапати (2017, 2018) и првенството трипати (2018, 2019, 2020).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата