„Перо Антиќ ја напушти НБА-лигата за да му се приклучи на Фенербахче” – објави Ражнатовиќ на својот твитер-профил.

Антиќ е првиот македонски кошаркар што некогаш заиграл во НБА-лигата откако го напушти Олимпијакос и потпиша договор со Атланта хоукс. Тој мина две години во таборот на „јастребите”, тим со кој сезонава стигна до првото место во Источната конференција во регуларниот дел од сезоната, за потоа во плејофот во „финалето на истокот” да загуби од Кливленд.