x

ОФИЦИЈАЛНО: Адис Јаховиќ е нов фудбалер на Анталијаспор

Макеоднскиот интернационалец Адис Јаховиќ, како и што се најавуваше, од денеска и официјално е ново засилување за турскиот суперлигаш, Анталијаспор.

Досегашниот голгетер на Јени Малатија потпишал договор на 1,5 година со моментно еден од трите тима кои се најзагрозени за напуштање на Турската Супер лига. Според договорот, истиот може да биде продолжен на дополнителна година по неговото завршување.

Извонредниот Адис оваа полусезона е еден од петте најдобри голгетери во силната турска Суперлига. Тој на досегашните средби за Јени малатија постигна 11 гола. Сега е време со своите голови да се обиде да и обезбеди опстанок на Анталија, која има само три победи сезонава.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата