Војводата и војвотката од Кембриџ споделија  нови фотографии од малиот принц Џорџ.

На официјалните празнични фотографии, најмладиот член на кралското семејство седи на скалилата на Кенсингтонската палата.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин ги објавија фотографиите во знак на благодарност што медиумите ја почитуваат нивната молба да не објавуваат папараци фотографии од принцот Џорџ.

Принцот Џорџ се очекува да добие или братче или сестричка во април следната година.