x

ОФИЦИЈАЛНИОТ СОСТАВ: Очекувано, тргнуваме со 3-5-2 и со Адеми во составот

gruzija-makedonija-sostav

Очекувано, онака како што беше најавено, тргнуваме со 3-5-2 формација против Грузија, со Аријан Адеми во составот кој се чекаше до последен момент.

Несторовски и Пандев ќе бидат задолжени за голови, додека во средината друштво на Адеми ќе му прават Николов и Елмас. Крилните позиции „резервирани“ за Алиоски и за Ристовски, кои ќе помагаат и напред и позади.

Стопери се Муслиу, Велковски и Бејтулаи, додека на голманската позиција се најде Димитриевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата