Општинското Основно Училиште „11-ти Октомври” во Скопје утре ќе биде затворено за настава.

Како што е наведено во соопштението од општина Центар, ова е заедничка одлука на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Училиштето нема да работи до завршување на испитувањата за причините за труењето.

Заедничката одлука е донесена по добиените сознанија за труење на учениците и ќе важи до завршување на комплетните испитувања за појавувањето на труењето, се вели во соопштението од општина Центар.