ОУ „Фаик Коница“ од Зајас демантира: Грешка било, не се 438.252.000 денари за дрва, туку е 438.252 денари

Вчера одекна вест на која споед информациите од Биро за јавни набавки Основното училиште „Фаик Коница“ во Зајас отвора јавна набавка за дрва за греење. Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ според информациите од Бирото за јавна набавке беше 438.252.000,00 денари. Име на носителот на набавката е Друштво за транспорт, производство, угостителство, услуги и трговија КОСТА-КОМЕРЦ 1 увоз-извоз ДООЕЛ Кичево.
Денеска од училиштето „Фаик Коница“ испратија демант на кој се вели дека сумата не е 438.252.000,00 денари туку е 438.252,00 денари.
„Сакаме да го демантираме вашиот допис за ОУ „Фаик Коница“ во Зајас. Сумата не е 438.252.000,00 денари туку е 438.252,00 денари. Тоа било грешка и сега е поправена, стои во демантот.