Во 2014 година, Александар Лукашенко предложил Украина и Белорусија да се обединат во сојуз и тој да биде претседател на двете земји.

Тоа го изјави поранешниот шеф на ЕУ, Доналд Туск, во интервју за порталот „Онет“.

„Во екот на украинската криза, кога Минск се занимаваше со некаква медијација меѓу ЕУ, Русија и Украина, Лукашенко ме повика и директно ми предложи да ја убедам ЕУ дека тој може да биде гарант за мирно решавање на украинскиот проблем и да ја поддржам неговата идеја за белоруско-украински сојуз со него како претседател“, рече Туск, пренесува „Спутник“.

Како што тврди поранешниот шеф на ЕУ, Лукашенко наводно навестил дека тоа е единствениот начин да се запре Русија од некои агресивни намери.

Туск претпоставил дека Лукашенко не е загрижен за Украина, туку се плашел дека ќе ја изгуби моќта.

Поранешниот шеф на ЕУ смета дека Лукашенко имал позитивна улога во решавањето на украинската криза.

Официјално, претседателот на Белорусија никогаш не објави планови за обединување со Украина.

извор: Makfax