Научниците од австралискиот Институт за медицински истражувања “Гарван” откриле нов организам во човечкиот организам.

Додуша, микро орган.

Органот е наречен “субкапсуларно пролиферативно жариште” а одговара за дејствување на имунолошкиот систем на инфекции кој организмот прдходно го доживеал.

Микро-органот прво е откриен кај глувците, над главниот линфен јазол, а благодарние на тоа и кајлуѓето.

Во него, во понатамошното изучување, откриле голема концентрација Б-ќелии кои на имунолошкиот систем му овозможува да ја “запомни” преживеаната инфекција и против неа да се бори.

Биолозите знаеле дека тие ќелии постојат, но не успеале да ги “локализираат”.

Еден од водечките учесници во истражувањето – Три Фан, за новиот орган рекол:

“Кога нашиот организам се бори со бактерии кои се во остојба да се размножуваат на секои 20-30 минути – важен е ској момент. Едноставно: ако реакцијата премногу доцни – заболениот починува. Затоа и вакцините се важни бидејќи тренираат имунитет при повторно заболување брзо да произведе антитела”.

По неговите зборови, “Полиферативниот центар” е идеално поставен за обезбедување брз одговор на имунолошкиот систем.

“Штом бактеријата влезе во организмот – тој располага со се што е отребно за брзо производство на антитела” – нагласува Фан.