Десет мигранти биле откриени во автомобил на патот Демир Капија – Смоквица. Возачот избегал кога забележал дека го брка полиција.

Според информациите на МВР, завчера во 15 часот на регионалниот пат Негорци-Прдејци кај клучката за приклучување на автопатот Демир Капија – Смоквица, од страна на полициски службеници, на даден знак за запирање, возач на автомобил „опел омега” не го запрел возилото и продолжил да се движи кон Граничниот премин „Богородица“. По ова, возачот го сопрел возилото и избегал.

Во возилото биле пронајдени 10 мигранти, од кои девет од Пакистан и едно лице од Непал. Од извршените проверки, било утврдено дека регистарските таблички на наведеното возило припаѓаат на возило „опел кадет“ сопственост на лице од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax