Најбрзиот човек на денешницата Јамајчанецот Усеин Болт од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година победи на секоја трка на Светските првенства и Олимписките игри, освен на една во 2011 година во Даегу кога беше дисквалификуван заради преран старт. Тој беше во центарот на вниманието и на последниот Мундијал во Пекинг, каде без конкуренција освои три златни медали. Ова беше доволна причина аналитичарите да откријат во што е неговата тајна на непобедливост.

Кога аматерските тркачи скаат да трчаат побрзо, тие почнуваат побрзо да ги дви’ат нозете, а многумина сметаат дека и Болт своите рекорди ги постигнува на ист начин. Но, оваа теорија не е точна.

-Елитните тркачи не ги дви’ат нозете побрзо од било кој друг тркач. Разликата меѓу професиналец од типот на Болт и аматер е тоа што вистинските атлетичари прават подолги и посилни чекори, изјави аналитичарот Сем Ален.

Според истра’увањето на аматерските тркачи им треба од 50 до 55 чекори да ја минат делницата од 100 метри, додека елитните атлетичари оваа патека јаминуваат во просек од 45 чекори. Заради ваков начин на трчање, атлетичарите се многу побрзи, тие многу помалку го добираат тлото. Наиме, атлетичарите при секој чекор трошат 0.08 секунди на тлото, додека аматерските тркачи минуваат 0.12 секунди.

Но, меѓу најдобрите атлетичари Болт посебно се истакнува со неговата висина.

-На почетокот од трката повеќето атлетичари користат куси чекори со цел да ја сочуваат силата за финишот. Но, Болт не мо’е да го направи ова заради висината. Но кога ќе ја достигне најголемата брзина, тој има голема предност над останатите заради дол’ината на своите нозе и му требаат малку чекори за да помине некоја делница, додаде Ален.

Болт трката на 100 метри во просек ја минува со 41 чекор, што е за три до четири помалку од неговите конкуренти.