Жељко Ражнатовиќ-Аркан своевремено бил лудо заљубен во познатаѕта пејачка од Хрватска, Дорис Драговиќ. Се зборувало дека заради оваа тајна страстна врска Жељко размислувал и да се разведе од тогашната сопруга Наталија. 

Наводно, Аркан ја наговарал Дорис да се пресели во Белград, а контактите ги прекинале во 1990 година кога тој бил уапсен.

Набрзо после тоа Аркан ги формирал „Тигрите“, а Дорис се омажила за ватерполистот Марио Будимир.

Хрватската пејачка со вистинско име Доротеа Драговиќ сега ретко се појавува во јавноста и потполно е посветена на семејството и Бога.