Ева Нединковска, која од неодамна всушност е госпоѓа Петрова, деновиве на јавноста за прв пат и ја претстави својата наследничка, тримесечната ќеркичка Ена, која, вели, е причина за нејзиното постоење и двигател во животот.

Ена денес наполни 3 месеци. Времето галопира неповратно, мигот е се поскапоцен, пократок и побрз, а ти стануваш посвесен за кратковечноста и минливоста. Често велат дека откако ќе родиш деца дотогаш важните работи стануваат неважни. Мислам дека е баш обратно. Сите неважни работи ми станаа сосем неважни, а сите важни работи ми станаа уште поважни. Слободата, љубовта, праведноста, духот, телото, работата, делата, животот, интегритетот, семејството, пријателите, воздухот, чист ил’ нечист… Откако ја имам неа, силата ми е посилна, стравовивите потреперливи, соништата помечтателни, дилемите подвоумливи, страста пострасна, решителноста поодлучна, претпазливоста попретпазлива, радоста порадосна, оптимизмот попозитивен. На сите мои животни смисли се приклучи уште една, врховна, сеобединувачка. Најверојатно ‘ко човек тежнееш кон почовечност, ‘ко жена кон поженственост. Поради неа, за неа – поради себе, за себе#, вели Ева, која веќе неколку години апстинира на музички план.

Инаку, Ева и нејзиниот избраник Јурек се венчаа лани после неколкугодишна врска.