Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се во центарот на вниманието откако таа призна дека имала афера со 20-годишниот музичар Август Алсина.

Двојката се чини дека се снаоѓа подобро од кога било, а аферата која неодамна ја откри самиот Алсина како гостин на една емисија се случила пред четири и пол години.

За да го избегнат скандалот, Вил, неговата сопруга и ќерката Вилоу решиле да заминат на Бахамите. Тие престојуваат во луксузното одморалиште Албани, каде што една ноќ чини 2 600 евра, пишува „Пејџ сикс“.

Откако Џејда го признала неверството во бракот, почнале да кружат гласови дека Вил бил со колешката Маргот Роби.

извор: Makfax