x

Откако Тиквеш му “раскина“: Балдовалиев со трансфер во Дрита Боговиње!

baldovaliev-debi-gol-1-1024x683

Зоран Балдовалиев е ново име во редовите на Дрита Бодоговиње. Тим кој што се натпреварува во Втората лига – запад. Се е договорено, се очекува само официјалната промоција. Инаку клубот од Боговиње веќе најавува дека набрзо ќе следува трансфер “бомба“, ако може така да се каже.

Балдовалиев пред една недела си замина од Тиквеш откако кавадарчани решија да го раскинат договорот со искусниот офанзивец, кој иако има 37 години, се уште е баран од нашите клубови.

Балдовалиев имаше богата интернационална кариера, а во свое време имаше настапи во државната селекција на Македонија.

Несомнено е дека ова ќе биде големо засилување за Дрита Боговиње.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата