Најпознатата лото девојка Сузана Манчиќ со години ја прати политичката сцена и ситуација во соседството, особено во нејзината земја Србија, па за многумина иако беше шок нејзината желба дека сака да стане градоначалник на Белград, за неа тоа е сосема  нормално.

Таа за српските медиуми вели дека е убедена дека добро би се снашла на оваа одговорна функција.

-Родителите уште во младоста ме тераа да се приклучам во Здружението на комунисти. Меѓутоа сфатив дека тоа не ме интересира, па се посветив на естрадата и телевизијата, но ја следам политиката бидејќи тоа е составен дел од нашите животи. Сакам да бидам градоначалник на Белград и тоа на многу начини би го докажала кога ми се дало шанса и прилика. Тоа е многу одговорна функција, но верувам дека добро би се покажала, вели познатата водителка.


Таа додава дека најмногу и паѓа тешко кога ќе слушне дека на луѓето баш им е гајле за избори и дека не излегуваат на гласање.

Додека сонува за своите идни планови таа живее на релација Грција- Србија заедно со својот нов сопруг со кого се венчаше неодамна.