x

Откако му беше потврдена дијагноста за КОВИД-19: Најстрашно е што се уште немам симптоми!-

Кошаркарот на Јута, Донован Мичел, кој е позитивен за коронавирусот, вели дека се чувствува добро и досега нема никакви симптоми на болеста.

Тој беше заразен од соиграчот Руди Гобер, кој беше првиот играч во НБА тестиран на коронавирусот.

„Драго ми е што и тој и јас сум во ред. Најстрашниот дел е што сè уште немам симптоми на вирусот. Можев да шетам по улицата и никој не би приметил дека сум заразен. Мислам дека тоа е најстрашната работа со овој вирус”, вели Мичел.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата