x

Откако Кек го „откачи“ Динамо: Навивачите го сакаат Просинечки, но плановите се други…

Матијаж Кек останува селектор на Словенија. Не му изгледаа добро парите кои Динамо Загреб му ги понуди за да седне на кормилото на „модрите“. Словенецот остана да го одработи договорот, иако Динамо му нудеше речиси двојно поголема плата. Се шпекулира со цифра од 800 илјади евра, а моментално Кек во Словенија заработува околу 400.

Но, проблемот е што Динамо Загреб нема план „Б“, туку некој сосема поинаков план. Навивачите знаат кого го сакаат. Тоа е Роберт Просинечки, сегашниот тренер на Кајзериспор.

Меѓутоа медиумите шпекулираат дека од таборот на Динамо веројатно ќе посегнат по сегашниот тренер на Локомотива, Горан Томиќ. Тој засега изјавува дека е фокусиран само кон настапите на својот тим, меѓутоа сигурно дека еден таков трансфер од еден во друг загрепски клуб, и тоа како би му донела промоција, особено ако успее да направи нешто повеќе со Динамо.

Во моментов екипата ја води Зоран Мамиќ, откако го замени Игор Јовичевиќ кој се задржа на клупата само неколку меча. Претходно неочекувано Ненад Бјелица доби отказ од клупата на „модрите“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата