x

Откажан маратонот во Чикаго планиран за октомври

Поради пандемијата коронавирус, маратонот кој требаше да се одржи во Чикаго на 11. октомври е откажан.

Организаторите во соопштението наведоа дека е преголем ризикот за да се одржи еден голем настан во време на „Ковид-19“. На овој маратон учествуваат околу 45.000 спортисти, а истиот го подржуваат околу половина милион гледачи.

До овој момент во Чикаго се потврдени 55.184 случаеви на коронавирус, 2.682 луѓе ја загубија битката.

Претходно поради истата причина беа откажани маратоните во Бостон и Њујорк, засега останува лондонскиот маратон, кој наместо во април ќе се одржи на почетокот на октомври.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата