Министерството за финансии ја откажа вчерашната аукција на државни хартии од вредност. Ова е трет пат во еден месец Министерството да откаже предвидена аукција на државни записи и обврзници.
– Целта е да се излезе во пресрет на барањето на бизнис заедницата за зголемување на понудата на пазарот на капитал со оставање повеќе слободни средства кај банките кои понатаму би се пласирале како кредити – се вели во соопштението од Министерството за финансии. Буџетот пак, наведуваат од Министерството, има добра ликвидност и редовно се сервисираат буџетските обврски – исплатата на плати и пензии, обврски кон стопанството по основ на ДДВ и фактурирани работи.