Шест лица кои присуствувале на погреб во Јужна Каролина во март починаа одкоронавирусот со кој се заразиле за време на погребот.

Имено, никој што присуствувал на погребот не знаел дека помеѓу присутните има и т.н. супер преносител кој бил заразен од вирусот пред погребот. Погребот бил организиран неколку дена пред масовните собири да бидат забранети од американските власти.

На овие луѓе не смееме да гледаме како на едноставни фигури, затоа што тие не се. Шест лица починаа.  Другите кои присуствуваа на погребот се уште се ставени во карантин. Никој не знаеше дека е заразени“ вели инспекторот Роби Бејкер за локалните медиуми.

Тој вели дека ова не е првпат од еден настан да се заразат повеќе луѓе

„Минатиот месец дека дури 45 од 60 членови на еден хор биле заразени за време на проба во Вашингтон.“ вели Бејкер

Таков настан е и запаметен во Австралија, каде дури 40 луѓе се заразени со вирусот откако присуствувале на истата свадба на почетокот на март во Сиднеј.