Минатото 66. коло го донесе добитникот на Ново Лото премијата 6 + 1 со вкупно 1.274.293 денари. Според компјутерскиот центар на Државната лотарија на Македонија, ливчето е уплатено во Берово, во продажното место Буги. Фондот за седумка е и натаму во пораст и во вчерашното 67 коло изнесуваше над 8 милони денари.

Премијата од 1.274.293 денари е досега највисока во својата категорија. Покрај премијата 6+1, 66 коло на Ново Лото донесе и 3 добивки шестка вредни 32.333,50 денари. Претходно, првата најголема добивка на Ново Лото 7/34 за 6+1 изнесуваше вкупно 774.523 денари и прв пат се постигна во 17 коло, а согласно правилата во случај на две адекватни добивки, се подели на двајца добитници по 387.261,50 денари.

Најголемата поединечна добивка за 6+1 дојде во 26 коло со вкупна вредност од 415.432 денари. Следната премија 6+1 вредна 187.787,50 денари се случи на 16 март годинава.
Според статистиката на Државната лотарија, по Скопје, град кој најмногу игра Ново Лото 7/34, е Битола, следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.