Народната кујна на почеток ќе ја посетуваат осум граѓани од општината, а нивниот број ќе се зголеми бидејки уште десетина граѓани поднеле документи за користење на услугата во неа.

– Услугите на народните кујни досега ги користат над 4.000 лица. По Зрновци деновиве Народна кујна ќе отвориме и во општина Другово, кичевско, а во план е отворање на уште четири народни кујни во Македонија, најавија од Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков истакна дека општината целосно е вклучена во работата на Народната кујна, обезбедувајќи простор за поделба на храната и нејзин транспорт од Кочани.