Летната забавна фудбалска школа е во рамките на Програмата на активностите на Општина Ѓорче Петров во областа на спортот, рекреацијата и поддршката на невладиниот сектор за 2016 година, а учесници се деца на возраст од 6 до 11 години кои се ученици од сите основни училишта на територијата на Општина Ѓорче Петров.

На теренот ќе бидат присутни околу 200 ученици и со нив ќе работат 12 едуцирани тренери, наставници во основните училишта или студенти.