Во текот на денешниот ден се очекува скопското Јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 да поднесе официјално барање за спроведување истрага против екс-гувернерот на Народна банка на Македонија, Љубе Трпески. Ова го тврдат високи извори од Обвинителството кои велат дека судот веднаш ќе ја отвори истрагата. Основното јавно обвинителство решило да ја прифати кривичната пријава против поранешниот прв човек на монетарната власт во земјава, поднесена минатата недела од МВР со која тој се сомни- чи дека ја злоупотребил службената положба со уште четворица актери во мегаскандалот со банката “Експорт-Импорт”, со што ја оштетиле државата со 11,6 милиони евра. Како што дознаваме од наши извори, Обвинителството нема да побара притвор за Трпески, бидејќ и е оценето дека нема опасност тој да избега од земјава, или пак да влијае врз сведоците во текот на истрагата. Наши извори потенцираат дека нема основа ниту за шпекулациите дека наводно тој може да замине во Ирска, држава со која немаме потпишано договор за екстрадиција, а во која наводно е преселен дел од неговото семејство. Неофицијално дознаваме дека кривичната пријава поднесена минатата недела нема да биде единствена, поточно можно е МВР во брзо време да поднесе нови кривични пријави против Трпески за други злоупотреби на штета на државните девизни резерви. Ова, завчера го најави и премиерот Хари Костов, кој рече дека се претресува целокупната документација за банката “Експорт-Импорт” . “Поднесена е кривична пријава за еден дел од работењето на НБРМ и “Експорт-Импорт”. Има поголема документација во НБРМ што се однесува на целокупното користење на девизните резерви” рече Костов.