Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче на заедничката онлајн прес-конференцијата  одржана со премиерот Оливер Спасовски, Државниот санитарен инспекторат денеска го завршил увидот во Велес и утврдени се наоди, а утре ќе биде направен конференциски разговор со директорот на Центарот за јавно здавје и на одделенија за да се одлучи како ќе се постапува понатаму.

Филипче истакна дека завршила и инспекција на Клиниката за онкологија, каде има осум позитивни вработени и 20 што биле во контакт со нив се во изолација. Работата таму е во фунцкија и е направена реорганизација.

До петок или до понеделник ќе има нов распоред за делење на терапија за пациенти во Штип и во Тетово, како најголеми центри, за да не патуваат до Скопје.