Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер остро ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој ја обвини Германија за „нацистичка пракса”.

– Не можам да прифатам дека денешна Германија се споредува со нацистичка Германија. Тоа е срамота, изјави Јунекр за луксембуршката телевизија РТЛ.

– Изненаден сум од изјавите од Турција. Не можам да прифатам кога турскиот претседател и шефот на турската дипломатија велат дека денешна Германија е полоша од нацистичка Германија, нагласи тој.

Турскиот претседател Ердоган во неделата ја оцени како „нацистичка пракса” забраната за митинзи на негови приврзаници во Германија.

– Вашата пракса не се разликува од нацистичката. Мислев дека Германија одамна се откажала од таа пракса, но погрешивме, изјави ердоган на собир во Истанбул.