Амбасадорот на Турција во ЕУ Фарук Кајмакџи изјави дека Европската комисија не е фер кон Турција во најновиот извештај за напредокот на европската интеграција.

Тој истакна дека извештајот ги фаворизира балкански земји.

Турскиот амбасадор во ЕУ денес објави интервју за EURACTIV.com, каде вели дека ЕК ги игнорира тешкотиите со кои се соочува Турција и дека би требало на Анкара да и обезбеди појасна перспективата за пристапување, како што тоа го направи за Западен Балкан.

Кајмакџи проценува дека има некои проблеми во извештајот на ЕК, од кои еден е во тоа што прави  разлика меѓу Турција и земјите од Западен Балкан.

“Всушност, не постои опис на Западен Балкан. Што е на Јужен Балкан, што е Северен Балкан? Не постои дефиниција. Ако зборувате за земјите-кандидатки, постојат само пет кандидати и две земји потенцијални кандидати, а една од нив дури и не ја признаваат сите земји-членки на ЕУ” вели Кајмакџи.

Во извештајот, додаде амбасадорот, треба на Турција да и се даде јасна перспектива за членство.

“Ако ЕУ не работи како вистинска поддршка, како да се очекува дека секоја земја кандидат треба да биде веродостоен кандидат. Ова е дилема за ЕУ. Зошто даде јасна перспектива за шест балкански земји, а не и за Турција, но Турција е исто така кандидат? “, праша турскиот официјален претставник.

Кајмакџи вели дека колку е повисока поддршка на ЕУ за Турција полесно и побрзо ќе се спроведат реформите и ќе го усогласи своето законодавство со европското право.

Друг проблем со извештајот е, според неговите зборови, дека европската страна не доволно ги разбира проблемите со кои се соочува Турција.

Истакнувајќи дека организацијата на имамот Фетула Ѓулен (FETO), која Анкара ја смета за терористичка, е голема закана за Турција, Кајмакџи додава дека сириските Курди ја нападнале Турција повеќе од 700 пати.

“Тоа треба да биде јасно разбрано. Ние исто така мораме да ги земеме во предвид конфликтите низ Турција”, рече Кајкакџи.

Кога го прашале зошто Европската комисија не го видела напредокот во демократските реформи во Турција, Кајмакџи одговорил дека периодот опфатен со извештајот е “една од најтешките години во историјата” на земјата, потсетувајќи на обидот за државен удар на 15 ЈУЛИ 2016 година, по што земјата воведе вонредна состојба.

Во исто време, додаде тој, Турција се бори против Исламската држава, Курдистанска работничка партија и организација на сириските Курди.

Кога станува збор за дел од извештајот на билатералните односи, Кајмакџи вели дека “се разбира е потребно” и “природно” да Турција има добри односи со секоја земја на ЕУ.

“Не помага користењето на овој извештај или на институциите на ЕУ, како средство на моќ против една земја-кандидат во името на солидарност со земјите-членки, независно од тоа дали земјата е членка или не. Мислам на Грција и грчко-кипарската администрација. Ова создава повеќе тензија и понатаму го усложнува проблемот “, рече Кајмакџи за Бриселскиот медиум. 

Запрашан дали тој верува дека Русија, политички и дипломатски, во моментов е поблиска за турските интереси од Европа и САД, Кајмакџи вели дека Турција е дел од Западот и од Европа, но дека сега за сега, за жал, сојузниците на Запад “не се обидуваат да ги разберат и поддржат доволно”.