Џесика Пенџоер од Аризона изјави дека на нејзината врата тропнало петгодишно момче, нејзиниот сосед по име Салваторе. Во раката ја држел двемесечна сестра завиткана во ќебиња.

– Мајка ми почина под туш. Можете ли да се грижите за нас? – било прашањето на момчето.

Џесика била шокирана.

Нивната мајка Кејтлин се онесвестила додека се бањала. Салваторе ја нашол така и, мислејќи дека е мртва, отишол да побара помош. Нормално, нејзината сосетка веднаш повикала брза помош, а целата приказна добила среќен епилог затоа што лекарите успеале да ја вратат во живот.

– Стоеше на прагот и држеше, како што мислев на почетокот, кукла. Бев надвор од умот – вели Џесика.

Од друга страна, Кејтлин вели дека нејзиниот син и го спасил животот, што е точно. Затоа што ако не отидел кај сосетката,  тешко дека таа би преживеала.

Малиот Салваторе сега, како и неговата мајка, се опоравува од траумата.

– Секој ден е нов предизвик за нас. Салваторе е постојано загрижен, постојано ме прашува дали сум добро и дали ќе умрам – вели оваа мајка