Дали е можно во вените на Дракула да тече бугарска крв, прашуваат бугарските медиуми. Тие тврдат дека историјата на Власите (Валахија) е неразделно поврзана со Бугарија.

Во текот на првата и втората бугарска држава, земјите од Валахија се дел од неа. Поради тоа голем дел од влашкото аристократија била со бугарски корени затоа има многу примери – Влајко, Мирчеа, Раду, Владислав.

Во случајот со Дракула неговиот татко се вика Владислав (Влад II), едниот брат Мирчеа, а другиот Радо. Влад Втори е син на славниот војвода Мирчеа Стари, кој е поставен на тронот на Влашка од цар Иван Шишман.

Друга интересна карактеристика на Валахија и сведоштво за влијанието на Бугарија е официјалното пишување. Влашките кнезови пишувале на кирилица, а официјален јазик бил старобугарскиот кој од непознати причини се нарекува црковнословенски.

Дури во 1861 година, кога во ново создадената држава Романија е направена јазична реформа кирилицата е заменета со латиница.