Како и што најавија, вчера, министрите на Г 17 плус му поднесоа оставки на премиерот Коштуница и нема повеќе да присуствуваат на собраниските седници. Ова на вчерашната конференција за новинарите го изјави претсдеателот на странката Млаѓан Динкиќ, кој напомна дека министрите ќе ја вршат својата должност се дури Собранието не им ги констатира оставките.