Триесет и седумгодишен Турчин е напаѓачот што стои зад смртоносното пукање во трамвај во Утрехт, изјави холандската полиција, апелирајќи до граѓаните да внимаваат на осомничениот, кој е сé уште во бегство, пренесува РТ.

Ѓокман Танис, кој е роден во Турција, сега се бара со потерница во Холандија, информира националната полиција која ја објави фотографијата на осомничениот на Твитер. На локалните жители им е советувано да не му пристапуваат на човекот туку веднаш да се јават во полиција.

Фотографијата е принтскрин од CCTV-снимката направена во трамвајот и беше објавена неколку часа откако властите потврдија дека осомничениот е сè уште во бегство и дека потрагата по него е во тек.

Масовно полициско присуство се забележува во Утрехт со дополнителни патроли и силно вооружени полицајци кои ги обезбедуваат улиците. Според извештаите во медиумите, на полицијата ѝ било кажано да трага и по црвен „седан рено“ кој подоцна бил пронајден напуштен во Утрехт.

Во меѓувреме, градоначалникот на Утрехт информираше дека бројот на загинати во нападот од утрово се зголемил на три.

извор: Makfax