Иако беше најавено дека е повикана како сведок, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со адвокат дојде на распит во Обвинителството за организиран криминал за истрагата „Рекет“.

Тоа не беше оракса на досега сослушаните нејзини колеги од СЈО, кои беа повикани како сведоци. За разлика од нив, кои дојдоа сами, Катица дојде со адвокатот Стеван Павлески. Дали таа има поинакво својство, односно не е повикана како сведок?! Инаку Павлески е адвокат и на осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески. Тој ја пречека Јанева пред Обвинителството, каде специјалната јавна обвинителка пристигна со возач и службено возило. Адвокатот Павлески е и поранешен јавен обвинител.

Правниците коментираат дека доколку навистина е повикана во својство на сведок не е потребен адвокат, напротив, тој може само да наштети на истрагата. Велат Јанева како правник добро ги познава процедурите и е свесна дека доколку навистина сака да помогне во истрагата и целосно да соработува не и е потребен адвокат.