x

Осогово се пофали со Димитар Иванов!

Димитар Иванов е нов фудбалер на Осогово. Ова е големо засилување за редовите на кочанскиот второлигаш, веројатно најголемо во овој летен преоден рок. Имено Иванов, иако има само 25 години, важи за прволигашки фудбалер, кој реално никако не може да го искаже својот квалитет, иако беше член на многу клубови без разлика на својата возраст.

Да споменеме дека во минатата сезона Иванов го носеше дресот на Пелистер, а претходно играше за Тиквеш, Кожуф, Силекс,Еуромилк, Тетекс, Металург, Љубанци и Вардар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата