Ова, синоќа во емисијата 24 Анализа го изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, одговарајќи на прашањето што од оваа платформа, точно така како што пишува е договорено со СДСМ.

–За сите прашања кои што не бараат промена на Уставот е постигната согласност. За химна, за знаме, за прашањето за името кои што се таму спомнати се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение. Зборувам за прашањата кои што бараат двотретинско мнозинтсво. За другите прашања, кои се во рамки на Уставот е постигната согласност, рече Османи.