Вицепремиерот, Бујар Османи изјави дека лично се заложил за ослободување на поранешниот борец на ОВК, Томор Морина, кој минатата недела беше уапсен на граничниот премин Блаце, по потерница на Интерпол.

Тој побара од македонското Министерство за правда да не се дозволи екстрадиција на Морина на Србија и нагласи дека до судот поднел барање да го посети Морина.

„Морина треба да се ослободи. Жално е што се случи овој настан, бидејќи влијае на односите меѓу нас и Република Косово. Барањето на Србија е за српски граѓанин, а ние овие граѓани ги признаваме како граѓани на Косово“, рече Османи.

Ослободување на Морина бара и косовскиот шеф на дипломатија Беџет Пацоли.

Утрово, Министерството за правда на Србија поднесе молба до Северна Македонија за екстрадиција на Морина, кој е поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Белград бара тој да им биде испорачан , поради сомнеж за извршени воени злосторства врз цивилно население на Косово во 1999 година.

извор: Makfax