Во јули и август голем дел од нас одат на годишен одмор и се опуштаат од работењето во изминатата година. Она за што тогаш најмалку размислуваме е враќањето во реаноста, на работа и на секојдневниот ритам.

На некои тоа може да им биде потешко за разлика од други, па затоа е важно да се опуштиме и да се погрижиме за себе, а на тој начин ќе се ослободиме од стресот. Во тој случај, пишува „PopSugar”, може да ни помогне ароматерапија. Советува дека употребата на есенцијалното масло може да допринесе општо на багосостојбата.

Затоа, ако сте под стрес, користете производи за нега со есенцијално масло, кои ќе ве смират. Се работи претежно за маслото од лаванда, камилица и ванила кои ќе ви помогнат да се смирите и опуштите во рок од неколку секунди.

Бројни производи за нега го содржат ова есенцијално масло, па нема да ви биде тешко да ги вметнете во секојдневната рутина за убавина.