Окружниот суд во Смедерево завчера им го укина притворот на 13 професори од факултетот во Крагуевац, обвинети за примање поткуп во аферата “индекс”. Но, притворот им е продолжен на деканот Свето Пуриќ, професорот Драган Петровиќ и бизнисменот Саша Јовановиќ. На фотосот го гледаме ослободениот професор Боро Чејовиќ, долгогодишен декан на факултетот, во прегратка на неговата сестра.