Ослободени Хрватите и Црногорецот
Вчераутро во 5,30 часот војската на Нигерија ги ослободи двајцата Хрвати и Црногорецот, кои кон средината на февруари беа киднапираа од локални бунтовници, соопшти нигериската Влада. Хрватите Ренато Гарма и Мате Луша и црногорскиот државјанин Милан Смоловиќ, вработени во компанијата “ХидроДајв” беа киднапирани недалеку од пристаништето Порт Харкорт. Веднаш потоа, киднаперите побараа откуп за нивно ослободување.